Агент во контакт центар

  • Skopje, Greater Skopje, North Macedonia
  • POSTED 1 MONTH AGO

About the job

ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО МЕЛОН СОЛУШНС!

Агент во контакт центар

(реф. бр. 082026-011)

Дали сакаш работа каде што комуникацијата е твојата најголема предност?

Ако си комуникативен/на, упорен/на и знаеш како да водиш добар разговор, тогаш можеби токму тебе те бараме.

Во Мелон ќе бидеш дел од професионален тим кој соработува со водечките банки и финансиски институции во земјата. Ќе добиеш обука, поддршка и можност да стекнеш вредно работно искуство во динамична и модерна работна средина.

Што ќе работиш?

Ќе комуницираш со клиенти на банки и финансиски институции преку телефон; Ќе помагаш во пронаоѓање соодветни решенија и договарање за исполнување на обврските на клиентите; Ќе учествуваш во кампањи за телефонска продажба и промоција на банкарски производи и услуги; Ќе обезбедуваш информации и поддршка во различни информативни кампањи; Ќе ги евидентираш разговорите и резултатите во современи дигитални системи; Ќе работиш според јасно дефинирани процедури и стандарди.

Кого бараме?

Бараме личност која:

Има завршено најмалку средно образование; Има добри комуникациски способности и пријатен телефонски настап; Знае да слуша, преговара и да воспостави професионална комуникација; Основно се снаоѓа со компјутер и MS office; Е одговорна, организирана и ориентирана кон резултати; Искуство во продажба, грижа за корисници, наплата на побарувања или работа во контакт центар ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што добиваш?

Сигурна работа во стабилна и организирана компанија; Тимска средина каде што трудот и иницијативата се препознаваат и вреднуваат; Можност за учење, стекнување искуство и професионален развој; Поддршка и обука од искусен тим.

Доколку сакаш да бидеш дел од тим кој комуницира со илјадници клиенти секој ден и да стекнеш искуство во една од водечките компании во областа на контакт центрите, аплицирај и придружи ни се!